Од 1 до 15 факти за пробиотиците

Употребата на пробиотици ни помага во одржување на нашата внатрешна и надворешна рамнотежа. Еве неколку корисни факти и бројки што ќе ве направат желни за повеќе знаење.

1. Рускиот научник и добитник на Нобелова награда – Илија Мечников, бил првиот што ги согледал придобивките од употребата на корисните бактерии, во далечната 1907 година.

2. Денес, пробиотиците се користат често и се наоѓаат во многу млечни производи, како и во додатоци за исхрана и медицински производи.1

3. Сандоз (Sandoz) произведува пробиотици повеќе од 30 години, а Линекс е бренд број еден во Централна и во Источна Европа.2

4. Пробиотските бактерии во нашите црева помагаат во производство на голем број витамини, какви што се витаминот K, витамините од групата Б, кратколанчаните масни киселини, сите од нив многу корисни за нашето здравје.1,3

5. Пробиотиците може да помогнат во подобрување на имунолошкиот систем.4 Најголем дел од тоа, до 70% од нашиот имунолошки систем се наоѓа во цревата.5

6. Покрај тоа пробиотиците можат да ве заштитат и од патогени микроорганизми, борејќи се за важни хранливи материи, и притоа ги попречуваат патогените микроорганизми да се размножуваат.6

7. Пробиотиците можат да ви помогнат во некои гастроинтестинални заболувања, како на пример: дијареа, надуеност7 и лактозна интолеранција.8

8. Пробиотиците помагаат кај децата и бебињата што имаат стомачни тегоби, каква што е дијареата.9,10

9. Можно е да постои поврзаност меѓу недостигот од корисни бактерии во цревата на бебето во неговата прва година од животот со склоност на детето кон појава на алергии.11

10. Сиромашната еднолична исхрана, недоволната физичка активност и стресот имаат негативно влијание врз корисните бактерии во нашите црева.4 Пробиотиците ја подобруваат рамнотежата на нашата цревна микрофлора.12

11. Дали сте знаеле дека хормоните за добро расположение, какви што се серотонинот и допаминот, се произведуваат во нашиот стомак?13 Пробиотиците, исто така, можат да го подобрат расположението кај некои луѓе.14,15

12. Антибиотиците ги убиваат патогените бактерии кои предизвикуваат болести, но исто така, ги уништуваат бактериите кои нам ни се корисни.16 Тука може да помогне додатокот на пробиотик.

13. Пробиотиците помагаат во превенција на дијареа поврзана со земање на антибиотска терапија и притоа ја враќаат рамнотежата во нашиот стомак по третман со антибиотици.12,17

14. Често се јавува дијареа при патување, бидејќи нашето тело е чувствително на непознати бактерии.18

15. Клиничките испитувања покажуваат дека 85% од случаите на дијареа што се јавуваат при патување може да се спречат со употреба на пробиотици.18

 


1 Ciorba MA. Clinical gastroenterology and hepatology. 2012;10(9):960-968
2 Nicholas Hall's global OTC database' DB6. Central and Eastern Europe includes: Bulgaria, Croatia, Czech Republic, Hungary, Kazahstan, Lithuania, Poland, Romania, Russia, Slovakia, Slovenia, Turkey, and Ukraine. Data on request.
3 Zhang YJ, et al. Int Journ of Mol Sci. 2015;16(4):7493-7519
4 Conlon M, et al Nutrients. 2015;7 :17-44
5 Vigi G, et al. Clin Exp Immunol. 2008 ;153(1): 3–6
6 Travers M, et al. J Parasitol Res. 2011; 2011: 1–11
7 Quigley EMM, et al, Neurogastroenterology & Motility. 2007;19 (3):166–172
8 Kechagia M, et al, ISRN Nutrition. 2013; 2013;1-7
9 Harvard Health Publications, Health benefits of taking probiotics, http://www.health.harvard.edu/vitamins-and-supplements/health-benefits-of-taking-probiotics, accessed March 2016
10 Sazawal S, et al. Lancet. 2006;6(6);374–382
11 Bjorksten B, et al. J Allergy Clin Immunol. 2001;108(4):516-20
12 D'Souza AL, et al. BMJ, 2002;324:1-6
13 Vasilescu et al, Romanian Journal of Child & Adolescent Psychiatry 2.2 (2014). http://www.childandadolescentpsychiatry.ro/romanian-journal/volume/2_2014s/7.pdf
14 Benton D, et al. Eur J Clin Nutr. 2007;61:355–361
15 Messaoudi M et al. Br J Nutr. 2011;105:755–764
16 Mayo Clinic, Antibiotic-associated Diarrhea, http://www.mayoclinic.org/diseases- conditions/antibiotic-associated-diarrhea/basics/causes/con-20023556. Accessed June 2016
17 Sanders ME. Clin Infect Dis. 2008;46:S58–6118 McFarland L, Travel Med Infect Dis. 2007; 5(2): 97–105
18 McFarland L, Travel Med Infect Dis. 2007; 5(2): 97–105