Цревна микрофлора: Заборавениот орган

Во нашето тело живеат 10-100 трилиони микробни клетки.1 Повеќето од нив се наоѓаат во цревата, каде што формираат жив екосистем, познат како микрофлора.1

Цревната микрофлора најчесто е составена од бактерии, но исто така вклучува и други организми, како габи, квасни габи, археи и вируси.1 Понекогаш се нарекува и „заборавениот орган“2, бидејќи микрофлората многупати се однесува како орган.3 Метаболната активност на бактериите во нашите црева помага во сè: од варење на храната до заштита на нашето тело од токсини3,4. Цревната микрофлора помага во формирање на нашиот имунолошки систем3 и влијае врз расположението.5,6

Важноста на рамнотежата

Сепак, лесно е нашата цревна микрофлора да излезе од својата синхронизираност. Болест или антибиотска терапија може да влијае врз составот на корисните бактерии во нашите црева.4 Стресот, недоволната физичка активност и исхраната можат, исто така, да ја нарушат рамнотежата во нашите црева.6,7

Па, тогаш, што се пробиотици?

Пробиотиците се дефинираат како „живи микроорганизми кои, кога се даваат во соодветни количини, позитивно влијаат на здравјето на домаќинот6. Зборот доаѓа од грчкиот збор „pro“, кој значи „за“, и зборот „biotic“, кој значи „живот“. Пробиотиците се добри и корисни бактерии, кои го подобруваат здравјето, а самите по себе не се штетни.8

Линекс пробиотикот се состои од живи лиофилизирани млечнокиселински бактерии од некои од најпознатите и најмногу проучувани пробиотски соеви9, вклучувајќи Lactobacillus, Bifidobacterium и Enterococcus faecium.

Високо квалитетните пробиотици имаат многу поволности:

Помагаат во борба со цревни инфекции

Пробиотикот најчесто се користи за лекување акутна дијареа, која е причинета од бактериска или од вирусна инфекција. Клиничките испитувања покажуваат дека пробиотиците ја намалуваат дијареата кај возрасни и деца.8,10 Пробиотска терапија, исто така, може да помогне и во состојби каква што е синдром на иритабилно црево (IBS), па дури и во хронични состојби, каква што е Кроновата болест.11 Исто така, го подобруваат имунитетот и превенираат појава на инфекции.6

Превенција на дијареа поврзана со земање антибиотска терапија (AAД)

Антибиотиците се создадени да ги уништат бактериите што предизвикуваат болест, каква што е Лудвигова ангина12,13. Меѓутоа, истовремено тие ги уништуваат и корисните бактерии во нашиот дигестивен систем. 5 - 35% од луѓето што земаат антибиотици имаат дијареа поврзана со земање на антибиотска терапија (AAД). Пробиотиците може да спречат појава на дијареа поврзана со земање на антибиотска терапија (AAД) и да ја вратат нормалната рамнотежа на нашата микрофлора при антибиотската терапија.14,15,16

Патувајте самоуверено

При посета на различни земји, често се случува да се добие дијареа што се јавува при патување (ПД).17 Во 80 - 85% од случаите, причина за ваквата дијареа е бактерија, кога е присутна во водата, а на која нашиот организам не е навикнат, па се јавува дијареа.18 Пробиотиците се корисни сопатници, бидејќи ги засилуваат нашите црева и помагаат во борбата со бактериите што се причина за болести. Пробиотиците може да се земаат и пред патување за да се спречат шансите да се добие дијареа што се јавува при патување.18

Олеснете ги гастроинтестиналните нарушувања

Цревната микрофлора помага во разложување на храната во цревата и поттикнува здрава дигестија.3,4 Доколку бактериите во нашата микрофлора излезат од рамнотежа, т.е. се намалува бројот на корисните бактерии, а се зголемува бројот на патогените бактерии, може да дојде до стомачни проблеми, како на пример: гасови, кркорење, абдоминална болка и дијареа.4 Пробиотиците помагаат во враќање на рамнотежата на нашата микрофлора18. Тие помагаат во олеснување и на други гастроинтестинални/стомачни нарушувања, какви што се констипацијата и надуеноста.19


1 Ursell L, et al. Nutr Rev. 2012;70(1): S38–S44
2 O’Hara A, et al. EMBO. 2006;7(7):688-689
3 Ciorba MA. Clinical gastroenterology and hepatology. 2012;10(9):960-968
4 Zhang YJ, et al. Int Journ of Mol Sci. 2015;16(4):7493-7519
5 Messaoudi M, et al. Br J Nutr. 2011;105:755–764
6 Conlon M, et al Nutrients. 2015;7 :17-44
7 Bailey M, et al. Brain, Behavior and Immunity. 2011; 25(3):397–407
8 Allen SJ, et al. Coch Datab of Syst Rev. 2010;11
9 Rolf R, et al. J. Nutr. 2000:130(2);396S-402
10 Sazawal S, et al. Lancet. 2006;6(6);374–382
11 Harvard Health Publications, Health benefits of taking probiotics, http://www.health.harvard.edu/vitamins-and-supplements/health-benefits-of-taking-probiotics, accessed March 2016
12 Mayo Clinic, Antibiotic-associated Diarrhea, http://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/antibiotic-associated-diarrhea/basics/causes/con-20023556. Accessed June 2016
13 MedicnePlus, https://www.nlm.nih.gov/medlineplus/ency/article/001047.htm. Accessed June 2016
14 Sanders ME. Clin Infect Dis 2008; 46:S58–61
15 Johnston BC et al. Cochrane Database Syst Rev. 2011 : 11
16 D'Souza AL et al. BMJ. 2002;324:1-6
17 McFarland L, Travel Med Infect Dis. 2007; 5(2): 97–105
18 Mitsuoka T, et al. Asia Pac J Clin Nutr. 1996;5(1):2-9
19 Quigley EMM, et al, Neurogastroenterology & Motility. 2007;19 (3):166–172