Како работи вашиот дигестивен систем?

Дигестивниот систем во телото ги преработува хранливите материи од храната и произведува енергија за раст и обнова на клетките1. Начинот на кој го прави тоа е комплексен, и во него се вклучени различни органи, ткива и клетки1.

Ова е куса верзија на тоа што се случува:

  • Храната што ја внесуваме минува низ стомакот, па оттука оди во тенкото и во дебелото црево1.
  • Дигестивните ензими што се создаваат во различни делови од системот ја разложуваат храната на хранливи материи, кои потоа се апсорбираат од страна на нашето тело и се користат за производтство на енергија, раст и обнова на ткивата1. Остатокот од храната, кој не се вари, потоа се процесира и се исфрла надвор од телото со помош на движењето на цревата.1

Ова го знае секој. Но, најверојатно, не сте знаеле дека целиот дигестивен тракт е полн со микроорганизми, од кои најзастапени се бактериите, а покрај нив има и габи, квасници и археи2.

Со едно име, овој екосистем е познат како цревна микрофлора и тој помага во варењето на храната3.

Дали сте знаеле дека?

  • Бактериите во нашата цревна микрофлора создаваат супстанции што помагаат во варењето на храната. Не би можеле да ги свариме лигнаните (се наоѓаат во храна како што е пченицата, сојата и некои овошја и зеленчук) без нивна помош3.
  • Тие, исто така, помагаат во контролата на движењата на цревата, т.е. цревната перистатика и така храната што минува низ нив минува со соодветната брзина.3
  • Бактериите во нашата цревна микрофлора дејствуваат на токсините во прехранбените производи, ги неутрализираат и го заштитуваат телото.3
  • Тие, исто така, ги неутрализираат жолчните киселини и ги прават безопасни.3
  • Цревната микрофлора го поддржува и нашиот имунолошки систем и помага во заштита од штетните патогени микроорганизми.4

Како помагаат пробиотиците?

Пробиотиците се „живи организми“ кои кога се даваат во соодветни количини, позитивно влијаат на здравјето на домаќинот”5. Тие помагаат во обновувањето и одржувањето на рамнотежата на цревната микрофлора6.

Рамнотежата и пробиотиците

Кај здрав човек што има здрав начин на исхрана и води здрав начин на живот, обично работата на дигестивниот систем не се ни забележува.

Но кога рамнотежата од корисни и штетни бактерии во цревната микрофлора се нарушува, тоа може да доведе до дигестивни проблеми, како и до многу посериозни здравствени состојби.3

Предноста на Линекс пробиотиците

Линекс пробиотиците, кои се достапни во аптеките без рецепт, содржат живи лиофилизирани млечно-киселински бактерии: Lactobacillus и Bifidobacterium.7 Овие бактерии природно се наоѓаат во цревната микрофлора.7

Линекс пробиотиците помагаат во превенцијата и лекувањето на дигестивни состојби каква што е дијареата, која е поврзана со нуспојавите од земањето на антибиотска терапија8,9,10 вклучувајќи ги и акутната инфективна дијареа11 и дијареата што се јавува при патување12. Исто така, може да помогнат и кај други дигестивни проблеми, какви што се надуеноста и констипацијата13.

Кликнете тука за да добиете повеќе информации за Линекс пробиотиците.


1 National Institute of Diabetes and Digestive and Kidney Diseases (NIDDK). Available at: http://www.niddk.nih.gov/health-information/health-topics/Anatomy/your-digestive-system/Pages/anatomy.aspx. Accessed June 2016.
2 Hoffman C, et al. PLOS ONE. 2013;8(6):1–12.
3 Zhang YJ, et al. Int Journ of Mol Sci. 2015;16(4):7493–7519.
4 Belkaid Y, et al. Cell. 2014;157(1):121–141.
5 Conlon M, et al. Nutrients. 2015;7:17–44.
6 Mitsuoka T. Asia Pac J Clin Nutr. 1996;5(1):2–9.
7 Linex®. Summary of Product Characteristics.
8 Sanders ME. Clin Infect Dis. 2008;46:S58–S61.
9 Johnston BC, et al. Cochrane Database Syst Rev. 2011;11.
10 D'Souza AL, et al. BMJ. 2002;324:1–6.
11 Sazawal et al. Lancet. 2006;6(6):374–382.
12 McFarland LV, Travel Med Infect Dis. 2007;5(2):97–105.
13 Quigley EMM. Neurogast Mot. 2007;19(3):166–172.