Пробиотиците имаат светла иднина

Од 2004 година бројката на пребарувања на зборот „пробиотици“ на Google е зголемена за повеќе од 500%, и овој тренд продолжува.1

Луѓето низ целиот свет многу внимаваат на здравјето на својот стомак, како и на многуте придобивки од здравата урамнотежена микрофлора.

„Однесувај се со луѓето на начин на кој сакаш да се однесуваат тие со тебе“, вели една поговорка. Тоа важи и за нашиот стомак. Се зголемува разбирањето на улогата на определени фактори (какви што се исхраната и физичката активност) што ја имаат врз составот на цревната микрофлора, како и на нејзиното влијание на нашето здравје.2

Но каква иднина, всушност имаат пробиотиците?

Покрај влијанието врз гастроинтестиналното здравје, спроведени се голем број студии со коишто се оценуваат придобивките од „добрите“ бактерии во други медицински области. На пример, веќе се спроведени студии за докажување на пробиотиците во управувањето со расположението, како и во влијанието на стресот.3,4,5

Подолу ќе разгледаме две интересни теми, поврзани за пробиотиците:

Пребиотици

Сте слушнале ли за пребиотици? Можеби да, можеби не.Тие се несварливи хранливи материи, коишто поттикнуваат раст на пробиотски бактерии, какви што се бифидобактерии и лактобацили.6

Истражувањата во поглед на пребиотиците сѐ уште се во рана фаза, но веќе се споменуваат голем број здравствени бенефиции, какви што се одржување на здравјето, намалување на холестеролот и превенција од прекумерна дебелина.6

Прекумерна дебелина

Согласно со СЗО, прекумерната дебелина на глобално ниво е двојно зголемена од 1980 год. Во 2014 год., 39% од возрасните лица со над 18 години биле дебели, а 13% страдале од прекумерна дебелина.7

Истражувањата ги бараат начините на кои природната бактерија во цревата влијае врз развојот на прекумерната дебелина, дијабетесот и кардиоваскуларните заболувања. Испитувањето спроведено врз глувци во 2012 год. покажа дека бактериите што живеат во дебелото црево може да ја забават активноста на темното масно ткиво при согорување енергија, што придонесува за развој на прекумерна дебелина.8 Истражувањата во оваа област сѐ уште се во рана фаза, но, сепак, постои можност пробиотиците во иднина да се користат како помошно средство за намалување на прекумерната тежина. Истражувањата покажале дека луѓето со нормална тежина имаат поинакви бактерии во стомакот од оние што се дебели или страдаат од прекумерна дебелина.9


1 https://www.google.co.uk/trends/explore#q=probioticsaccessed April 2016
2 Conlon M, et al  Nutrients. 2015;7 :17-44
3 Benton D et al. Eur J Clin Nutr. 2009 ;61:355–361
4 Rao AV. et al. Gut Pathog. 2009;1:6
5 Saulnier DM. Gut Microbes. 2013;4(1):17-27
6 Patel et al. 3 Biotech. 2012;2(2):115–125
7 WHO, http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs311/en/, accessed April 2014
8 Mestdagh et al. J. Proteome Res. 2012;11(2):620–630
9 Ley et al. Nature. 2006;444(7122):1022-3