Често поставувани прашања

1. Дали пробиотиците може да го подобрат здравјето на децата?

Ние имаме два производи Линекс Јуниор и Линекс Бејби, кои се специјално наменети за деца. Особено се корисни за здравјето на детето од првите денови, бидејќи содржи Bifidobacterium BB-12 сој на бифидобактерии, кои се првите бактерии што ги населуваат цревата на новороденчето. Исто така, нивниот раст е поддржан од состојки што природно се наоѓаат во мајчиното млеко.1,2 Линекс Бејби помага во воспоставувањето и одржувањето на рамнотежата на цревната микрофлора кај новороденчињата3. Може да се користи за лекување на акутна дијареа.4

2. Дали пробиотиците им помагаат на луѓето со дигестивни проблеми?

Одбрани пробиотици може да се користат за ублажување на симптомите на лактозната интолеранција.5 Тие може да се користат за лекување на абдоминални болки, надуеност и дигестивни нарушувања.6

3. Може ли пробиотиците да спречат кандидијаза?

Пробиотиците може да помогнат во превенција на кандидијаза кај некои луѓе, но во таа област треба да се спроведе дополнително истражување. Теоријата е дека пробиотиците содржат корисни бактерии, кои помагаат во одржувањето здрава рамнотежа на нашата микрофлора и ги спречуваат квасните габи, каква што е candida – предизвикувач на кандидијаза – прекумерно да порасне.7

4. Може ли пробиотиците да помогнат за да се избегнат дигестивни нарушувања при патувања надвор од државата?

Кога патуваме надвор од државата, доаѓаме во контакт со многу нови соеви на бактерии. Пробиотиците помагаат во одржувањето на рамнотежата на нашата цревна микрофлора, спротивставувајќи им се на патогените бактерии на коишто е можно да сме изложени.8 Пробиотиците може да се земаат пред да се патува, како и за време на патувањето, со цел да се помогне во одржувањето на рамнотежата на микрофлората и да се спречат можностите да се добие дијареа што се појавува при патување.7

5. Дали земањето пробиотици значи дека можеме да јадеме што сакаме?

Едноставниот одговор на ова прашање е не. Земајте пробиотик, но исто така, внесувајте и здрава храна, за да им помогнете на вашето тело и стомак да се чувствуваат одлично. Размислете за внесување пробиотици како поддршка, но не како единствено решение. Ве советуваме да земате пробиотик заедно со соодветна исхрана и физичка активност.

6. Може ли пробиотиците навистина да ми помогнат во губење на телесната тежина?

Се повеќе испитувањата се прават во оваа област, и некои студии9,10 покажуваат поврзаност меѓу составот на цревната микрофлора и прекумерната дебелина. Сепак, наша препорака за одржување во форма е да се изнајде вистинска рамнотежа. Ова значи да се јаде правилно и да се биде физички активен и да се земаат пробиотски додатоци во исхраната.

7. Можат ли пробиотиците да го подобрат расположението?

Нашиот стомак е местото каде што се создаваат хормоните за добро расположение, какви што се допаминот и серотонинот, и некои студии покажуваат дека расположението на луѓето може да се подобри со земање пробиотици.11,12,13 Ова е интересна област за истражување и очекуваме во иднина да се спроведат многу повеќе испитувања, коишто ќе ја разгледуваат оската стомак-мозок.


1 Mikami et al. Pharmaceuticals (Basel). 2012;5(6): 629–642
2 Liepke C. The Febs Journal. 2002;269(2):712–718
3 Haschke F et al. Monatsschr Kinderheilkd 1998;146:S26-S30
4 Saveedra JM, et al. Lancet. 1994;344( 8929);1046-1049
5 Ouwehand AC, et al. Antonie van Leeuwenhoek. 2002 ;82(1) :279-289
6 Quigley EMM, et al, Neurogastroenterology & Motility. 2007;19 (3):166–172
7 Cribby S, et al. Interdis Perspec on Infect Dis. 2008:1-9
8 McFarland L, Travel Med Infect Dis. 2007; 5(2): 97–105
9 Moran CP et al. Best Pract Res Clin Gast. 2014;28:585-597
10 Ley R, et al. Nature. 2006;444:1022-1023
11 Benton D, et al. Eur J Clin Nutr. 2007;61:355–361
12 Rao AV et al. Gut Pathog. 2009;1:6
13 Vasilescu et al, Romanian Journal of Child & Adolescent Psychiatry. 2014 : http://www.childandadolescentpsychiatry.ro/romanian-journal/volume/2_2014s/7.pdf. Accessed June 2016