Пробиотици: Историја
Пробиотиците се дефинирани како „живи микроорганизми кои, доколку се земаат во определени количини, имаат позитивно влијание на здравјето на домаќинот“.1
Пробиотиците се користат како поддршка на дигестивното здравје илјадници години. Постојат податоци кои датираат уште од библиски времиња дека луѓето пиеле кисело млеко за да бидат здрави. Меѓутоа, во 1907 пробиотиците добиваат научна поткрепа откако добитникот на Нобеловата награда Илија Мечников дојде до големо откритие. Тој сакал да открие зошто луѓето во одредени делови на Русија живееле подолго од другите. Откако ги набљудувал селаните кои живееле на Кавкаските планини, и кои секојдневно консумирале ферментиран јогурт (кефир), увидел дека пробиотикот наречен Lactobacillus bulgaricus го подобрувал нивното здравје и го зголемувал нивниот животен век.2
Наскоро по откривањето, пробиотиците се користеле за лекување на дигестивни заболувања. Денес, употребата на пробиотици е широко распространета и тие се наоѓаат во многу млечни производи, како и во додатоци во исхраната и во медицински препарати.3
Се верува дека пробиотиците ја подобруваат рамнотежата на бактериите во нашата цревна микрофлора4,5 – екосистемот од бактерии кои живеат во нашиот дигестивен систем. Тие може да се користат како превенција од дијареа што е поврзана со земање на антибиотска терапија.5,6 Пробиотиците, исто така, лекуваат акутна инфективна дијареа7 и може да се користат при превенција од дијареа што се јавува при патување.8 Тие може да помогнат и при дигестивни проблеми, како што е надуеноста9, и го засилуваат нашиот имунолошки систем.1
Сандоз (Sandoz) & пробиотици: Здравствен историјат
Сандоз (Sandoz), дивизија на Новартис (Novartis), е глобален лидер во фармацевтскиот сектор и произведува пробиотици повеќе од 30 години. Со повеќе од 26.500 вработени и производи што се достапни во повеќе од 160 земји, горди сме што можеме да понудиме широка палета висококвалитетни фармацевтски и медицински производи за потрошувачите.
Линекс првично беше развиен во Словенија во 1982 од страна на Лек (член на компанијата Сандоз). Извонредните медицински својства на пробиотиците беа брзо согледани во Словенија и низ цела Централна и Источна Европа, и за период од две години, Лек произведе еден милион Линекс капсули на годишно ниво.
Во 1994, Линекс можеше да се купи во аптеките како производ што може да се купи без рецепт. Меѓународната експанзија продолжи понатаму и сега Линекс е достапен во 40 држави низ светот.
Сандоз (Sandoz): Работиме за поздрава иднина
Ние во Сандоз (Sandoz) сме предани да продолжиме да ја развиваме палетата на Линекс производите во согласност со најновите научни истражувања.
Во 2009, го пуштивме во продажба Линекс Форте, што има 100 пати поголема концентрација на пробиотски бактерии од Линекс и го прави поефикасен при лекување дијареа и надуеност. Покрај повисоката доза, Линекс Форте содржи и пребиотик, кој го прави уште подобар и поефикасен во превенција и лекување на стомачни проблеми.10
Во согласност со најновите истражувања го создадовме и Линекс Јуниор, којшто единствено содржи бифидобактерии BB-12, дел од видот бактерии што првично ги колонизираат цревата кај новороденчињата.11 Растот на ваквите бактерии е поддржан од страна на состојки што се наоѓаат во мајчиното млеко.11 Линекс Јуниор може да се користи за воспоставување и одржување на рамнотежата и функцијата на цревната микрофлора уште од самото раѓање.12,13
Линекс Јуниор е достапен во кесички, а од неодамна, со истиот состав Сандоз (Sandoz) произведе и капки Линекс Бејби со што се олеснува начинот на земање на пробиотик. Линекс Бејби пероралните капки, исто така, содржат бифидобактерии BB-12, што го олеснува начинот на земање на пробиотикот кај новородените14, бидејќи може лесно да се додаде во млеко и во храна, или директно во уста. Клиничките студии покажуваат дека BB-12 позитивно влијае врз дигестивното здравје15, како и врз отпорноста кон инфекции.16
Многу е важно да бидеме здрави и да се чувствуваме колку што е можно најдобро за да можеме да се справиме со секојдневните животните предизвици. Линекс пробиотиците го поддржуваат здравјето на цревата со тоа што помагаат во одржувањето на рамнотежата на цревната микрофлора.
1. Conlon M, et al Nutrients. 2015;7 :17-44
2. Hemarajata P, Versalovic, J. Ther Adv Gastroenterol. 2013;6(1):39–51
3. Ciorba MA. Clinical gastroenterology and hepatology. 2012;10(9):960-968
4. NHS Choice, Probiotics, http://www.nhs.uk/conditions/probiotics/pages/introduction.aspx
5. D'Souza AL et al. BMJ. 2002;324:1-6
6. Johnston BC et al. Cochrane Database Syst Rev. 2011;11
7. Allen SJ, et al. Coch Datab of Syst Rev. 2010;11
8. McFarland L, Travel Med Infect Dis. 2007; 5(2): 97–105
9. Quigley EMM, et al, Neurogastroenterology & Motility. 2007;19 (3):166–172
10. Lek, 2009, New probiotic Linex Forte – a natural path to healthy digestion, http://www.lek.si/en/media-room/press-releases/571/new-probiotic-linex-forte-a-natural-path-to-healthy-digestion/. Accessed June 2016
11. Mikami et al. Pharmaceuticals (Basel). 2012 ;5(6):629–642
12. Haschke F et al. Monatsschr Kinderheilkd. 1998;146:S26-S30
13. Grtiz E, et al. Front Pediatr. 2015;3(17):1-11
14. Linex Oral Drops Product Positioning
15. Chouraqui JP, et al. JPGN. 2004;38:288-292
16. Taipale T, et al. Br J Nutr. 2011;105(3):409-16.
За пробиотиците
Пробиотиците се дефинирани како „живи микроорганизми што, кога се земаат во соодветни количини...