Микрофлора кај бебиња

Заедницата на микроорганизми што ги населуваат цревата на човекот има многу функции, какви што се: помош при дигестија и заемно дејство за засилување на имунолошкиот систем.1

Кога бебињата се во матката, нивниот дигестивен систем е речиси стерилен. Микробната колонизација на цревата интензивно започнува при самото раѓање и во периодот веднаш по раѓањето.2 Овој процес е важен за целосен развој и на имунолошкиот и на дигестивниот систем.3 Формирањето на цревната микрофлора во овој ран период од животот влијае врз здравјето на лицето во текот на целиот негов живот.3,4

Важноста на бифидобактериите

Кај деца помали од 12 месеци, 90% од цревната микрофлора се состои од вид бактерии што се нарекуваат бифидобактерии. Како што растат децата, ова ниво се намалува и кај возрасен човек достигнува до 5%.5 Така, кога размислувате за давање пробиотик на деца, многу е важно да користите производи што содржат бифидобактерии.

Развојот на цревната микрофлора може да се наруши, на пример, поради болест или поради земање антибиотска терапија. Мајчиното млеко содржи елементи што поттикнуваат растот на бифидобактериите5 и, доколку детето не се храни со мајчино млеко, тоа може да има влијание врз развојот на цревната микрофлора.

Давањето пробиотици може да ги зголеми корисните бактерии во цревата на детето и со тоа да се добијат многубројни здравствени придобивки.

Инфективна дијареа кај бебиња и деца

Дијареата е сериозна причина за смртност кај бебињата,6 и затоа преземање на превентивни чекори и лекување е важна цел. Пробиотиците играат улога во спречувањето на дијареата кај мали деца. Едно двојно слепо клиничко испитување покажа дека бебиња на возраст под осум месеци што примале пробиотик составен од бифидобактерии имале помала веројатност да развијат акутна дијареа и боледувале пократок период.6

Дијареа поврзана со земање на антибиотска терапија (AAД)

Кога бебињата се лечат со антибиотици, можна е појава на повеќе несакани ефекти. Ова вклучува и нарушување на цревната микрофлора, што може да доведе до дијареа.6 Пробиотиците помагаат во намалување на несаканите ефекти и го забрзуваат оздравувањето по земање на антибиотска терапија. Бифидобактериите во комбинација со друг пробиотик - лактобацили – можат значително да ји намалат појавата и времетраењето на дијареата поврзана со земање на антибиотска терапија (AAД) кај деца.6

Засилување на имунолошкиот систем

Некои од главните придобивки на пробиотиците е можноста да го спречат развојот на патогените бактерии и да одржат целосна, функционална и здрава слузница во дигестивниот систем – што е од особена важност за да се остане здрав и витален.6 Пробиотиците, исто така, се способни да комуницираат со имунолошкиот систем и да влијаат врз него. Ова е мошне значајно, бидејќи 70-80% од имунолошките клетки се наоѓаат во цревата.6 Бифидобактериите, преку засилување на имунолошкиот систем, можат да ја зголемат способноста на телото да стане отпорно на обичните инфекции.6

Бидејќи бактериите во цревата можат да помогнат во развој на имунолошкиот систем кај мали деца, се смета дека нарушување на цревната микрофлора во раните години од животот може да биде причина за развој на алергиски заболувања.6 Едно друго испитување, спроведено неодамна, покажа дека земање на бифидобактерии во пренаталниот и постнаталниот период може да биде ефикасно во превенцијата од алергиски заболувања.

Прекумерна дебелина во детството

Прекумерната дебелина е еден од најголемите здравствени проблеми на денешницата.7 Моменталните истражувања ја разгледуваат улогата на цревната микрофлора за развојот на ваквата состојба. И покрај тоа што истражувањето е во рана фаза, сепак е дојдено до неколку откритија. Една студија покажа дека деца што развиле состојба на прекумерна дебелина до седумгодишна возраст имале пониско ниво на бифидобактерии во првите години од својот живот.9 Мета анализата спроведена неодамна докажа дека деца што се доени имаат од 13% до 22% помала веројатност да станат дебели или прекумерно дебели како деца. Можно е ова да е резултат на влијанието што го има мајчиното млеко врз волуменот на бифидобактерии кај бебињата.9

BB-12® – Најиспитуван сој на бифидобактерии

BB-12 е испитуван во повеќе од 130 клинички испитувања за човекот и се покажал како ефикасен во подобрување на функцијата на цревата, заштитата од инфективна дијареа и дијареа поврзана со земање на антибиотска терапија (AAД), како и во засилувањето на функцијата на имунолошкиот систем.6,8

Линекс Бејби и Линекс Јуниор содржат 1х109 CFU бактерии од сојот на BB-12® во дневна доза, што е клинички најиспитуваниот сој на бифидобактериите.


1 Ciorba MA. Clin gastroent and hepatology. 2012;10:960-968
2 Rodriguez JM, et al. Microb Ecol Health and Disease. 2015;26:26050
3 Houghteling PD & Walker WA. J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2015;60(3):294-307
4 Soto A, et al. JPGN. 2014;59(1):78-88
5 Rogelj I. Zbornik Probiotiki - s kakovostjo do učinkovitosti. Lek, 2016
6 Azad M, et al. BMJ. 2013;347: f6471
7 Kalliomäki, et al. Am J Clin Nutr. 2008;87(3):534-538
8 Allen SJ, et al. Cochrane Database of Syst Rev. 2010:Issue 11. Art.No:D003048. DOI:10.1002/14651858