Пробиотиците и имунолошкиот систем
Цревната микрофлора, или екосистемот од микроорганизми што живеат во нашиот дигестивен тракт, има многу важни улоги за човековото здравје.
Микрофлората е изградена од голема палета микроби – вклучувајќи бактерии, габи, квасни габи и археи1 – и има многубројни поволни ефекти, од варење на храната сè до засилување на имунолошкиот систем.2
Се проценува дека 70 - 80% од човековиот имунолошки систем се наоѓа во цревата.3 Ова воопшто не е изненадувачки факт, доколку се земе предвид дека главниот влез за патогените микроорганизми е дигестивниот систем.3,4 Нашите црева секојдневно се преоптоваруваат со надворешни микроорганизми, какви што се квасните габи, бактерии и вируси, од кои некои се штетни за нашето здравје.3
Во нашите црева има слој од клетки што прави бариера меѓу телото и микроорганизмите. Улогата на овој слој е да дозволи проток на хранливи материи во крвниот систем, а истовремено и да спречува пенетрација на штетни организми. Всушност, епителната бариера ќе биде секогаш „на готовс“ во потрага по опасни патогени, додека внимава да не попречи или да не елиминира корисни хранливи материи.4 Имунолошкиот систем е толку реактивен што може да предизвика автоимуни болести5, какво што е: воспаление на цревата (IBD) или да создаде супстанции што се токсични за штетните бактерии.
Корисните бактерии помагаат за нормално функционирање на имунолошкиот систем
Пробиотиците – или корисни бактерии во цревната микрофлора – можат да ја засилат заштитната функцијата, да го зголемат создавањето на заштитна слузокожа, како и да ги регулираат сигналните патишта на имунолошкиот одговор.6 Понатаму, пробиотските бактерии може да го заштитат вашето здравје при компетиција за клучни хранливи материи7 над патогените организми или со создавање на супстанции што се токсични за штетните бактерии.
Едно клиничко истражување во кое се испитуваа респираторните инфекции покажа дека студентите што земале пробиотици боледувале пократок период. Понатаму, сериозноста на болеста била пониска за 34%, во споредба со групата која земала плацебо.8
Малите деца и нивниот имунолошки систем
Пробиотиците, а особено бифидобактериите, имаат витална улога кај малите деца, затоа што му помагаат на имунолошкиот систем да се развие и да порасне.9 Алергиите се резултат на прекумерна реакција на нашиот имун систем против неопасни импулси од страна на имунолошкиот систем. Денес, околу 20% од глобалното население страда од некаков вид алергиско заболување. Се чини дека овој број се зголемува. Во Америка стапката на астма кај деца е зголемена за 50% во периодот 1998-2000.10 Се претпоставува дека нарушувањето на цревната микрофлора во раните години од живот е причина за повисоката појава на алергии кај децaта.11 Се смета дека децата од индустријализирани земји имаат помалку млечни бактерии и бифидобактерии во своите црева во споредба со деца од помалку развиени земји, каде што појавата на алергии е на многу пониско ниво.10 Затоа, се смета дека земањето пробиотик во раните години од животот може да спречи развој на некои вакви состојби.12
1 Ursell L, et al. Nutr Rev. 2012;70(1):S38-S44
2 Ciorba MA. Clin Gastroent Hepatol. 2012;10:960-968
3 Vighi G, et al. Clin and Exper Immunol. 2008;53(1):3-6
4 Tanoue T, Umesaki Y and Honda K. Gut Microbes. 2010:1:4;224-233
5 Harvard Health. ‘A Promising New Approach to Autoimmune Diseases.’ Available at: http://hms.harvard.edu/news/promising-new-approach-autoimmune-diseases-6-2-11. Accessed July 2016
6 Thomas C & Versalovic J. Gut Microbes. 2010;1(3);148-163
7 Travers M, et al. J Parasitology Res. 2011, Art.ID 610769. doi:10.1155/2011/610769
8 Smith TJ, et ali Br.J.Nutr. 2013;109:1999-2007.
9 Houghteling PD & Walker WA. J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2015;60(3):294-307
10 Michail S. All, Asth & Clin Immunol. 2009;5:5.DOI: 10.1186/1710-1492-5-5
11 Azad M, et al. BMJ. 2013;347:f6471
12 Enomoto T, et al. Allergology Int. 2014;63:575-585
Ослободување од стрес и постигнување рамнотежа
Животот денес е мошне брз и стресен, особено за семејства со мали деца. Вообичаено и двајцата…
Бифидобактериите – го штитат вашето здравје од раѓање до старост.
Заедницата на микроорганизми што ги населуваат цревата на човекот има многу функции, какви што се…