Дијареа што се појавува при патувања – патувачка дијареа (ПД)
При патување често се јавува дијареа и секоја година има околу 12 милиони случаи на ваква појава.1
Во повеќето случаи причината е бактериска инфекција,2 што е резултат на консумирање контаминирана храна, вода или друг вид течности.1 Една од причините што туристите се склони кон заболувања е тоа што тие консумираат различни типови храна1 што содржат микроорганизми на коишто нивното тело не е навикнато.
Патувањето надвор од државата, исто така, влијае врз природниот одбранбен систем на телото, особено на корисните бактерии во цревната микрофлора (екосистемот на микроорганизмите што живеат во дигестивниот систем). Овие бактерии, кои не штитат, создаваат ефект на бариера, што спречува штетните микроорганизми да ги колонизираат цревата.1 Заморот, временската разлика, како и непознатата храна, може да ја нарушат нашата микрофлора.1
Подолу ќе наведеме неколку начини како да ја спречите дијареата што се јавува при патување (ПД). Ова е од особено значење доколку патувате со мали деца, бидејќи дијареата при патување (ПД) може да биде особено опасна кај децата.1
Внимавајте што јадете
Кога патувате во странство, на дофат ви е високоризична храна, поради што треба да сте особено внимателни. Високоризичната храна вклучува живо, термички недоволно обработено месо и морска храна, како и свежо неизлупено овошје и зеленчук. Водата од чешма, ледот и млечните производи се, исто така, ризични.3
Затоа, осигурајте се дека храната што ја јадете е термички обработена и топла кога е послужена. Јадете исклучиво свежо овошје и зеленчук што претходно се добро измиени во чиста вода или се излупени. Исто така, консумирајте исклучиво течности што се во фабричка амбалажа. Ледот може да е направен од нечиста вода и затоа е најдобро целосно да го избегнувате.3
За бебиња (под шест месеци) најдобриот начин на хранење е исклучиво со мајчино млеко. За бебиња што се хранат со формула во прашок, прашокот треба да се раствори со топла вода на температура повисока од 70°C.3 Сите шишиња и цуцли треба да се стерилизираат во вода над 100°C.
Бидете подготвени
Стапката на дијареа при патување (ПД) зависи од тоа во кој дел од светот патувате. Места што се со висок ризик за појава на дијареа при патување (ПД) (повеќе од 50% ризик) се: Северна Африка, Латинска Америка, Средниот Исток и Југоисточна Азија. Од друга страна, региони како што се: Европа, Северна Америка и Австралија имаат ниска појава на дијареа при патување (ПД) (под 5-10%).1 Исто така, различни видови патувања може да ве изложат на повисок ризик, и тоа: патување со брод или со здравствени тимови што се во посета на земји во развој.1
Тоа не значи дека не треба да одите во високоризични области. Сепак, во зависност од тоа каде патувате, би било најдобро да преземете дополнителни мерки на претпазливост, особено доколку со вас патуваат мали деца.
Земете пробиотик за да спречите дијареа при патување (ПД)
Еден начин да спречите дијареата при патување (ПД) е земање пробиотски додаток, што може да е корисно за состојби што се предизвикани од нарушување на нормалната цревна микрофлора. Пробиотиците може да ја засилат вашата одбрана на микрофлората, да спречат прилепување на патогени бактерии и да го засилат имунолошкиот одговор.1 Метаанализата од 12 клинички испитувања покажува дека 85% од можните случаи на ПД се спречени со земање живи пробиотици.1
Земете пробиотик за да ја смирите дијареата при патување (ПД)
Доколку страдате од дијареа додека сте на пат, пробиотиците можат да бидат ефикасни во лекувањето акутни, инфективни форми на ваква дијареа,4 бидејќи ја обновуваат нарушената рамнотежа на цревната микрофлора и ја засилуваат одбраната на организмот.1
1 McFarland L. Travel Med Infect Dis. 2007:5; 97–105
2 Centers for Disease Control (CDC). ‘Traveler’s Diarrhea.’ Available at: http://wwwnc.cdc.gov/travel/yellowbook/2016/the-pre-travel-consultation/travelers-diarrhea. Accessed July 2016
3 Centers for Disease Control (CDC). ‘Food & Water Precautions.’ Available at: http://wwwnc.cdc.gov/travel/yellowbook/2016/the-pre-travel-consultation/food-water-precautions. Accessed July 2016
4 Allen SJ, et al. Cochrane Database of Syst Rev. 2010, Issue 11. Art. No.: CD003048. DOI: 10.1002/14651858
Информација за производот
Линекс пробиотиците помагаат во нормализирање и рамнотежа на цревната микрофлора....
Бифидобактериите – го штитат вашето здравје од раѓање до старост.
Заедницата на микроорганизми што ги населуваат цревата на човекот има многу функции, какви што се…