Пробиотици: Факти
Пробиотици: Реклама или здравје?
Во последните години се вршат многу истражувања за здравствените придобивки од пробиотиците. Со едноставни зборови кажано, пробиотиците се пријателски бактерии1 што може да се земаат како додатоци во исхраната. Тие не се корисни исклучиво за возрасни лица туку, исто така, помагаат во заштитата на здравјето кај мали деца.
Подолу ќе разгледаме некои погрешни сфаќања за пробиотиците и ќе направиме разлика дали станува збор за здравје или за реклама.
Најдобриот начин вашето семејство да внесува пробиотици е преку консумирањето природна храна и јогурт
Одговор: Реклама
Јогуртите и другите ферментирани производи, каков што е кефирот, се одличен извор на пробиотици. Тие се консумираат илјадници години за подобрување на здравјето. Но, најчесто употребуваните пробиотски бактерии се мошне кревки и потребно е процесот будно да се следи за да се осигурa добивање доволен број одржливи бактерии.2 Исто така, во повеќето прехранбени производи, живите активни култури не преживуваат до крајниот рок на употреба на самите производи. Спротивно на тоа, лиофилизација или сушење на многу ниски температури, го задржува потребниот број пробиотски бактерии и ја зголемува нивната стабилност.3 Затоа, треба да се земаат висококвалитетни додатоци во исхраната или лекови без рецепт, бидејќи тие гарантираат постоење на доволен број пробиотски организми до крајниот рок на употреба на производот.
Сите пробиотици се исти
Одговор: Реклама.
Дејството на пробиотиците зависи од спецификациите на нивните соеви. Сепак, и во докажано најдобрите пробиотски типови, може да постои варијација поради слабо производство или чување на производот.4 Пробиотиците треба да стигнат до местото каде што дејствуваат (на пр.: во цревата) со цел да имаат влијание врз здравјето. Но, во текот на своето патување, тие може да наидат на сурови услови, какви што се стомачни и желудочни киселини, кои го уништуваат поголемиот број пробиотски организми.3 За да бидете сигурни, земете пробиотски микроби со добри шанси за преживување/или, пак, производ со загарантиран квалитет (на пр.: GMP*– сертифициран медицински производ). Тоа ви гарантира дека тие безбедно ќе патуваат низ стомакот и ќе стигнат до цревата.
*производот е произведен согласно со Добрата производствена практика (GMP), што претставува строго регулаторно барање и е предмет на постојани инспекции што ги спроведуваат здравствените власти.
Пробиотиците помагаат во превенција на дијареа кај возрасни и кај деца.
Одговор: Здравје.
Безброј студии покажуваат дека пробиотиците може да се користат за да се спречи и да се лекува инфективната дијареа (вклучувајќи ја и дијареата што се јавува при патување).1,5
Во меѓувреме, неколку вида организми се проучуваат како можни терапевтски агенси при лекување или превенција од дијареа поврзана со земање антибиотска терапија (AAД). Во нив спаѓаат неколку lactobacillus, bifidobacterium и квасната габа S. boulardii.6,7,8
Едно клиничко испитување докажа дека збогатување на млечната формула за бебиња со млечнокиселинска бактерија bifidobacterium lactis од сојот BB-12 кај здрави деца има превентивно дејство т.е. заштитува од појава на акутна дијареа.9
Пробиотиците му даваат поддршка на имунолошкиот систем
Одговор: Здравје.
Се смета дека пробиотиците ја зголемуваат функцијата на имунолошкиот систем,10 бидејќи поголемиот дел од имунолошките клетки постојат или потекнуваат од цревата.11 Проценето е дека 70% од човековиот имунолошки систем се наоѓа во стомакот.11 Пробиотските соеви на лактобацили го зголемуваат интегритетот на цревната бариера, што помага во одржување на имунолошка толеранција и помага во превенција од инфекции.12 Во исто време, клиничките студии укажуваат на фактот дека BB-12 – сојот на бифидобактерии – ја зголемува отпорноста на телото кон обичните респираторни инфекции и го намалува нивното појавување.13
Пробиотиците спречуваат бебињата да развијат алергии и астма
Одговор: Здравје.
Колонизацијата на цревата со микроби кај бебињата е мошне значајна за целосно да се развијат имунолошкиот и дигестивниот систем.14 Утврдено е дека цревната микрофлора кај алергични деца е различна од цревната микрофлора кај здрави деца. Зголеменото присуство нa пробиотски бактерии се поврзува со заштитата од појава на алергиски заболувања, какви што се егзем (атопичен дерматит), алергиски ринитис (алергија на поленов прав) или алергиска астма.15 Земањето пробиотици со бифидобактерии во исхраната доведува до зголемување на корисните бактерии во цревата кај бебињата,13 што може да биде ефикасно при превенција од алергиски заболувања.
1 Allen SJ, et al. Cochrane Database of Syst Rev. 2010:Issue 11. Art.No:D003048. DOI:10.1002/14651858
12 Hemarajata P & Versalovic. J. Ther Adv Gastroenterol. 2013;6(1):39–51
Информација за производот
Линекс пробиотиците помагаат во нормализирање и рамнотежа на цревната микрофлора....